(ВИДЕО) Одржана 17-та седница на Советот за безбедност

(ВИДЕО) Одржана 17-та седница на Советот за безбедност

Денеска во Кабинетот на претседателот се одржа 17-та седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред беше енергетската криза во Република Северна Македонија и мерки за нејзино надминување.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесимиминистерот за економија, Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и советникот на премиерот за енергетика, Виктор Андонов.

По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски изјави дека Советот за безбедност го свикува затоа што смета дека е важно да се слушнат сите надлежни на тема која овој период е далеку најважна и ги засега буквално сите и дека нѐ очекува тешка зима. Претседателот истакна дека нарушената безбедност на европскиот континент поради војната во Украина предизвика тектонски промени и неколку кризи кои се чувствуваат во повеќе сектори.

Претседателот Пендаровски рече дека на седницата на Советотпретставниците на Владата и надлежните институции информирале за анализите и проекциите на Владата за претстојната сезона есен/зима, чекорите кои досега се преземени за справување со ескалираната цена на струјата на светските пазари, зајакнување на домашните капацитети за производство, како и мерките кои ќе се преземат за поддршка на домаќинствата и на бизнис секторот во наредниот период.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …