Елизабета Ѓоргиевска

Видео разговор на првите дами на Северна Македонија и Полска

Сопругата на претседателот г-а Елизабета Ѓоргиевска денеска оствари видео разговор со првата дама на Полска г-а Агата Корнхаузер-Дуда, на кој се разговараше за можностите за соработка и меѓусебна поддршка во помошта која им се дава на украинските државјани кои ја напуштаат Украина поради воената агресија од страна на Русија.

Соговорничките разменија информации за актуелностите во Украина и ангажманот од различните институции од двете земји во приемот и прифатот на украинските државјани. Госпоѓата Ѓоргиевска ја поздрави заложбата на г-а Агата Корнхаузер-Дуда во контекст на иницијативите кои ги презема, додавајќи дека секоја активност со која се помага да се алармира светската јавност за сериозноста на состојбата во која се наоѓаат украинските граѓани и апелите за помош, потребно е да се поддржи.

Госпоѓата Ѓоргиевска информираше дека Министерството за здравство искажа подготвеност за прием и прифат на онколошки пациенти, украински државјани кои моментално се во Полска, а се деца на возраст до 18 години, за кои може да се понуди третман и лечење во нашите капацитети на јавното здравство. Дополнително, соговорничките разговараа и за можноста за прием на лица со атипичен развој, кои би можеле да добијат грижа и сместување во институции и семејства во земјава.

На крајот на разговорот, г-а Ѓоргиевска изрази благодарност до г-а Корнхаузер-Дуда за преземените инцијативи за помош на ранливите категории украински граѓани и изрази надеж дека комуникацијата и соработката ќе продолжат.

Прочитајте повеќе

Платата на премиерот е 140.450 денари, а на министрите по 115.540 денари

Платата на премиерот е 140.450 денари, а на министрите по 115.540 денари

Владата јавно ги објави платите на претседателот на Владата, како и на министрите. Според објавените податоци, највисока …