(ВИДЕО) Разорно торнадо однесе најмалку четири животи и остави пустош во Чешка

Силно торнадо придружено со град нанесе огромни штети во неколку села во Чешка и уби најмалку четири лица, а остави над 100 луѓе повредени. Во ужасното невреме вчеравечер, ветриштата откорнуваа цели дрва и покриви во југоисточните области Брецлав и Ходоњин, превртуваа автомобили и нанесоа други материјални штети, јави Би-би-си.

Во најтешко погодените подрачја биле забележани ветришта од 220 километри на час, паѓал град со големина на тениско топче, што се заедно донело големи оштетувања во двете области. Штети се нанесени на околу 1.000 куќи и интензивно се работи на згрижување на луѓето чии покриви се откорнати или тешко оштетени. Околу 100.000 жители во регионот се без струја.

Според Јужноморавската служба за заштита и спасување, голем број повредени луѓе се пренесени во болница, каде тројца и починале. Подоцна чешките медиуми соопштија дека починала уште една жртва на невиденото невреме.

Уништени се и еден дом за стари лица и зоолошката градина во Ходоњин.

„Тоа беше апокалипса. Крв имаше секаде, расплакани беспомошни луѓе. Ги зачувале животите, но останале без покрив над глава“, вели директорот на болницата во Ходоњин.

На чешките служби на помош им пристигнуваат тимови од соседните Австрија и Словачка – погоденото подрачје е кај тромеѓето на трите земји.

 

Според Би-би-си, иако се чини дека торнадата се ретки во Европа, се смета дека овој континент годишно го погодуваат неколку стотици торнада.

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …