Ерол Ризаов

„Викенд на мртовци“ во Македонија

Или зошто еден „ведар национален нихилизам“ најмногу ќе придонесе кон решавање на македонското прашање.

Пишува: Ерол Ризаов

Драмата во односите со Бугарија прерасна во црна комедија налик на култната театарска престава „Викенд на мртовци“. Ни вирусот Ковид- 19 не може да убие толку луѓе за два дена во цел западен Балкан колку што може Христијан Мицкоски со огнен говор во митингашки вознес да им ја „одере“ кожата на граѓаните на Македонија.

Мицкоски пред три дена осветлен од телевизиски рефлектори како национален херој и умислен спасител го откри обидот за убиство на Македонија. Со високо крената рака и приопшти на нацијата: „имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија. Се преговара за иднината на нашиот идентитет. Да не дозволиме, и од утре, секој нареден ден, внимателно да ја браниме Македонија и да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата. Тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот”.

Би било многу трогателно и застрашувачки ако тоа го каже некој друг, а не Мицкоски на чии лаги и прогнози за катастрофи навикнавме.

Викендот помина, Македонија не се распарчи, верата и нацијата не се продадени, на никој не му е одрана кожата. Но, тоа не менува ништо, ако не минатиот викенд, тогаш, за идниот е презакажан погребот на Македонија  во Софија, а на Зоран Заев во централата на СДСМ, каде ќе биде замрзнат откако ќе биде изваден од фрижидер и одмрзнат Бранко Црвенковски. Така да ќе имаме два погреба, еден во Софија на Македонија, а еден во Скопје на Заев. Црвенковски, како митот за Волт Дизни, кој 11 години беше во хибернација на минус 100 степени, сега ќе оживее. Вакво нешто, не може да му текне да режира ни на легендарниот Коле Ангеловски, со извинување што во овој контекст го спомнувам, во ново продолжение на „Викенд на мртовци“.

За голема среќа, или несреќа, за кого како, стаса демантот од Брисел. Последната вест е нема ништо од преговорите со ЕУ.  Оваа година нема да се одржи меѓувладината конференција. Е, сега можеме да земеме душа, нема преговори, нема предавство и распродажба на идентитетот и историјата. Кожата ни е спасена. Да не беа Мицкоски и Црвенковски отидоа во неврат и државата и идентитетот и историјата.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …