Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Градот Скопје информира дека првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција ќе започне викендов.

„Авионската дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18 мај (сабота) и на 19 мај (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција (од земја), на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 19 мај и ќе заврши најдоцна до 23 мај (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, информираат од Град Скопје.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Казните од по 50 илјади евра за картелско здружување на маркети се фарса

Казните од по 50 илјади евра за картелско здружување на маркети се фарса

По речиси една година истрага, Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ги казни четирите големи …