Вилма Русковска нов шеф на Обвинителството за организиран криминал

Вилма Русковска нов шеф на Обвинителството за организиран криминал

Советот на јавни обвинители денеска ја избра Вилма Русковска, обвинителката која го води случајот за насилствата од 27 април, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

Покрај насилствата на 27 април, Русковска ги водеше и истрагите за „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“.

На денешната седница на Советот на јавни обвинители беа избрани и шефови на скопското Вишо обвинителство, Мустафа Хајрулахи, во гостиварскто Вишо обвинителство Ислам Абази, за велешкото Основно обвинителство Гордана Тодорова, Елизабета Мишева во Кавадарци и Лиле Талевска за прв човек на битолското Основно обвинителство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Најавата за посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Северна Македонија …