Главниот секретар на МВР на Република Бугарија Камин Анастасов, директорот на дирекцијата на МВР Стамен Генев, во придружба на генералниот конзул на оваа земја во Битола Димитар Иванов, денес остварија работна посета на Општина Битола во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска.
На средбата, Петровска ги запозна претставниците на бугарското МВР со тековните активности на општината, како и со надлежностите на локалната и централната власт. Исто така, градоначалничката ја посочи одличната соработка на локално ниво помеѓу Општина Битола и Секторот за внатрешни работи Битола, како дел од македонското МВР.
Битола отсекогаш била интересен град во сите сфери на живеењето, особено од областа на образованието, мултикултурализмот и опкруженоста со природните убавини, истакнаа претставниците на високата делегација од бугарското МВР. Тие ја потврдија досегашната позитивна пракса на делување на двете земји, особено со Битола како град во кој е сместен Генералниот конзулат на Република Бугарија, преку кој се остварувала, но и ќе се остварува соработката во иднина на сите полиња.