Вистиномер: Не е точно дека автобусите од Тетово за Германија се полнат само со иселеници

Вистиномер: Не е точно дека автобусите од Тетово за Германија се полнат само со иселеници

Автобускиот превоз до и од Европа не носи само луѓе кои заминуваат на печалба. Има луѓе кои одат во посета на роднини и пријатели во Германија, има патници кои се возат поради туристички цели, како и разни други причини. Дел од патниците се упатуваат кон Европа и остануваат таму само по 90 дена, односно максималниот дозволен престој во земјите членки на ЕУ за оние кои немаат соодветна работна дозвола односно виза. Во обратен правец – кон С. Македонија, луѓе доаѓаат на одмор во родниот град или на свадби и други видови на прослави. Причини има стотици, за да може да се извлече паушален заклучок дека сите се упатуваат надвор од државата за трајно да се преселат, се нагласува во рецензијата објавена на „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Преку Фејсбук објава споделен е текст кој манипулира дека големиот број на автобуси што секојдневно заминуваат од Тетово за Германија се полни со луѓе кои се селат од Македонија.

Текстот, којшто е репортажа од автобуската станица во Тетово, е со сензационалистички наслов:

Ќе остане ли некој во Македонија: Само денес од Тетово кон Германија заминаа 50 автобуси

Фактички, на целиот текст му недостасува поширок контекст.

Во текстот се вели дека од 30 до 50 автобуси заминуваат само за Германија а дека има и автобуси кон други европски земји како Швајцарија, Италија, Австрија и други скандинавски земји. Да беа ова реални податоци тогаш цело Тетово ќе беше иселено за година дена и ќе останеше опустошено, празно и заборавено, што не е реалната ситуација на терен.

Она што не е јасно кажано во текстот, кој притоа е преземен од Телевизија 21, е дека оваа репортажа е направена токму во сабота, кога заминуваат најголем број на автобуси. И од тетовската автобуска станица ни потврдија дека сабота е денот во којшто тргаат најголем број на автобуси за Германија.

Дури и бројките да се навистина такви, тоа не значи дека сите овие патници во овие автобуси што заминуваат кон Европа, се качиле во автобусите за да се преселат од државата. Автобускиот превоз до и од Европа не носи само луѓе кои заминуваат на печалба. Има луѓе кои одат во посета на роднини и пријатели во Германија, има патници кои се возат поради туристички цели, како и разни други причини. Дел од патниците се упатуваат кон Европа и остануваат таму само по 90 дена, односно максималниот дозволен престој во земјите членки на ЕУ за оние кои немаат соодветна работна дозвола, односно виза. Во обратен правец – кон С. Македонија, луѓе доаѓаат на одмор во родниот град или на свадби и други видови на прослави. Причини има стотици за да може да се извлече паушален заклучок дека сите се упатуваат надвор од државата за трајно да се преселат.

Податоците говорат дека навистина има голема заинтересираност на македонски дражавјани да работат во Германија, но тоа не значи дека секојдневно има по 50 автобуси, кои отприлика имаат капацитет да возат по 50 луѓе, односно вкупно 2.500 патници – иселеници!

Германската амбасадорка во С. Македонија на Фејсбук сподели дека нашата држава добива годишна квота од 4.750 визи.

Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така, поради Вашиот голем интерес, им стои јасно натпропорционален удел на располагање, соопшти амбасадорката Анке Холштајн.

Она што е јасно е дека оваа бројка на визи не е само за Тетово и околината, тука е за цела С. Македонија односно за сите градови, меѓу кои, секако, главниот град Скопје е најголем.

Податоците од претходните години се слични, со исклучок на 2020 каде што бројката е драстично помала поради пандемијата со коронавирусот. Во 2019 година на заинтересираните од С. Македонија им биле издадени рекордни 6.425 работни визи, а во 2020 година работна виза добиле само 1.291 луѓе.

Реалноста говори дека желбата да се напушти татковината ја делат голем број луѓе. Пописот којшто започна пред неколку денови, прв после 2002 година, треба да даде нови ажурирани податоци за бројноста на населението во државата како и за бројката на иселени лица во последните години. Но, тоа не значи дека државата е пуста и не е останат никој, како што сензационалистички се алудира во текстот и така се споделува на Фејсбук каде што објавата е многу вирална. Во моментот кога е пишувана рецензијата има 365 споделувња, 730 кментари и 1.800 допѓања.

Заклучокот кој е изведен и сензационалистички се шири на Фејсбук е бесмислен. Не се исклучува фактот дека државата секојдневно ја напуштаат голем број на граѓани, но медиумските известувања за таа појава треба да се опширни, а податоците точни, прецизни и јасно претставени. А, не манипулативно како во овој случај, каде што јавноста при читањето на текстот, а особено на насловот, останува во заблуда, пишува „Вистиномер“.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …