ковид

Вистиномер: Пандемијата на ковид-19 е реална и постои, не ја измислуваат медиумите

Од почетокот на појавата на ковид-19 и откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, во голем број на објави на социјалните мрежи сензационалистички и се разбира неточно, се пишуваше дека коронавирусот е измислен и дека всушност не постои, туку станува збор за измама. Ковид не е измама и навистина постои. Станува збор за болест, предизвикана од коронавирусот, кој пак, е изолиран во лабораторија, со што се докажува неговото постоење, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Анализираме пост на Фејсбук кој тврди дека пандемијата со коронавирус не постои и дека неа ја измислуваат медиумите. Ова не е точно.

ДА ГИ НЕМА МЕДИУМИТЕ, БИ НЕМАЛО НИТУ ПЛАНДЕМИИ,НИТУ ЕПИДЕМИИ. ТОЛКУ Е ЕДНОСТАВНО, СЕ ВЕЛИ ВО ОБЈАВАТА.

Од почетокот на појавата на ковид-19 и откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, во голем број на објави на социјалните мрежи сензационалистички и се разбира неточно, се пишуваше дека коронавирусот е измислен и дека всушност не постои, туку станува збор за измама.

Ковид не е измама и навистина постои. Станува збор за болест, предизвикана од коронавирусот, кој, пак, е изолиран во лабораторија, со што се докажува неговото постоење. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Самата Светска здравствена организација (СЗО) потврдува  дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година и во следното известување. Ова изолирање на коронавирусот содржи инструкции за создавање на вирусните протеини, кои се основа за вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.

Последните статистики на Институтот за јавно здравје во Република Северна Македонија, покажуваат дека досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е  317.149, на починати е 9.388, а бројот на активни случаи изнесува 4.218 (05.08.2022 година). Сите овие бројки не се само статистика, туку вистински луѓе. Неможно е да се манипулира со толкав број на заразени доколку ковид не постои. Постои и специфичен начин на којшто се детектира ковид, а тоа е ПЦР тест.

ПЦР тестотисклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за САРС-КоВ-2 специфични гени – N и E, кои ги има само во коронавирусот и ниеден друг вирус. Мешање е неможно. Ако се испитува со ПЦР тест, тогаш сигурно се детектира коронавирус и ниеден друг.

На специјалната веб-страница на Владата посветена на коронавирусот пишува дека:

Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Ковид-19 примарно се шири преку капки на плунка или секрет од носот на заразена личност, кога тој ќе кивне или ќе кашла.

Особено стана проблематично за теоретичарите на заговори кои ја пласираат оваа немедицинска и ненаучна теза, да го проблематизираат постоењето на коронавирусот, затоа што во многу фамилии во земјава се појавија случаи на заразени, а некои од нив завршија фатално.

Медицински професионалци посочуваат на симптоми, на клиничка слика и на начин на кој се манифестира болеста. Тие најдиректно се соочуваат во секојдневната пракса со пациенти коишто лично ги лекуваат од ковид и свесни се дека болеста постои.

На 11 март 2020 година СЗО прогласи пандемијана ковид-19, тогаш имаше 118.000 заразени во 114 држави, а беа регистрирани  4.291 починати лице.

Вирусот мутира, а моментално во земјите ширум светот е доминатна подваријантата БА.5 на омикрон сојот, којшто е присутен и кај нас. Тој манифестира полесна клиничка слика и засега Комисијата за заштита од заразни болести не препорачува строги мерки на заштита. КЗБ апелира доколку граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се позитивни на коронавирусот да се однесуваат одговорно и да избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски.

Од сето погоре може да заклучиме дека пандемијата со ковид-19 не е измислена, таа е реална и постои, pоради тоа постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

Прочитајте повеќе

време облачно студено

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Атмосферските модели и проценки упатуваат на потопло лето. Во јули и во август може да …