Вистинските кодоши куртулија – поништете ја лустрацијата!

Пишува: Зоран Милошески

Во јули 2012 година, на сила стапи Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, познат во јавноста како Закон за лустрација.

Со лустрацијата за соработници беа прогласени околу 200 лица, од кои половината се починати – податок сосема доволен за лустрацијата да биде поништена со закон. Причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се противат на предложениот закон ги знаат тие самите, иако и вака, од страна, не е тешко да се претпостават.

Она што, барем засега, ќе остане неоткриено се имињата на вистинските кодоши кои наклеветиле многу недолжни граѓани и ги нарушиле угледот и честа на многу семејства.

Така на пример, јавноста не го дозна идентитетот на еден поранешен градоначалник и член на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, чие досие се водело под псевдонимот „ЗИК“. Или, кој поранешен ректор на државен универзитет се криеше зад псевдонимот „Радар“, кој беше екс директорот на ЈП за станбен и деловен простор со псевдоним „Балтазар“, а кој во „Телеком“ се криеше зад „Питагора“?

Во кулоарите беа споменувани имињата на повеќемина државни функционери од претходната власт, високи партиски функционери од поранешното парламентарно мнозинство, но и црковни веледостојници, чии досиеја биле водени под псевдонимите „Питроп“, „Берлин“, „Мирон“, „Смилевец“, „Рошомон“, „Питомец“, „Доминик“, „Бони“…

Единствено беше кажано дека соработник на службите уште од времето на бившата држава, бил режимскиот новинар чиј фетиш биле тангите од 500 евра, а чие досие било водено под псевдонимот „Нарцис“.

Господа противници на предложениот закон, од гревот не можете да се амнестирате, ама нанесената неправда, делумно, можете да ја исправите. Направете го тоа!

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, …