Има брендови што ги купуваме, но има и брендови со кои растеме, а компанијата Витаминка веќе 70 години е дел токму од втората приказна. Низ седум децении, опстојувајќи во различни времиња, држави, генерации и навики, овој бренд остана присутен таму каде што е најважно – во домовите.
Според компанијата, брендот е вткаен во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба и во малите секојдневни моменти што стануваат најдраги спомени. Затоа денес речиси и да нема семејство што не ја препознава Витаминка како „своја“.
Од мелен црвен пипер до стотици производи
Приказната за денешна Витаминка започна во 1956 година во Прилеп, скромно, со мелен црвен пипер и голема посветеност. Од тој почеток, чекор по чекор, компанијата изгради свет на вкусови што денес брои стотици производи и брендови кои се дел од секојдневниот живот.
Нивниот асортиман ги придружува потрошувачите низ целиот ден:
-
Првите детски ужинки со Стоби флипс.
-
Семејните трпези со Витанез мајонез и препознатливиот кечап.
-
Слатките моменти со Атлантис, Фрути и Деспина.
-
Освежувањето со Цевитана.
Витаминка: Симбол за македонски квалитет и континуитет
Силата на оваа успешна приказна лежи во вкусовите што не се менуваат затоа што се докажани, а се сакани затоа што будат доверба. Компанијата Витаминка е нишката што ги поврзува генерациите, преку истиот препознатлив вкус.
Освен што е емоција и вкус на повеќе генерации, Витаминка е највредниот македонски бренд, создаден од македонски знаења и труд, кој претставува симбол за квалитет, сигурност и континуитет.
По 70 години, Витаминка продолжува напред, со истата посветеност, со препознатливите вкусови и со јасна визија. Нивната цел е да останат бренд што не се мери само по бројот на производи, туку по местото што го има во животите на луѓето. Тоа е бренд што не е само дел од пазарот, туку дел од домот.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место