Витаминка дел од средбата на бизниси од Централна и Источна Европа

Витаминка дел од средбата на бизниси од Централна и Источна Европа

Врвни европски малопродажни синџири и дистрибутери беа на дводневна средба во Будимпешта, Унгарија со добавувачи на прехранбени производи од истиот регион, каде што со свој претставник беше присутна и Витаминка.

Целта на средбата е да се најдат нови брендови и производи потребни за меѓународна дистрибуција на големите ланци и брендови.

На годинешната средба беа застапени повеќе категории, од кои во голем дел Витаминка има свои производи, како; закуски, зачини, кондиторски производи, додатоци за храна, суви намирници како и бебешка храна, конзервирана храна, млечни производи, сезонски производи и замрзната храна.

Витаминка дел од средбата на бизниси од Централна и Источна Европа„Stamegna во Будимпешта е една од најзначајните деловни средби во сегментот производи за широка потрошувачка кој е создаден со единствена намена, да отвори можности за растење и развивање посебно за производители на прехранбени производи, а со тоа што ги поврзува со најголемите продажни ланци во Европа, исто така го отвора патот за пласирање на квалитетот многу пошироко. Воедно е корисен и од аспект на запознавање со најновите трендови како побарувачка и стандарди во прехранбената индустрија”, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.Витаминка дел од средбата на бизниси од Централна и Источна Европа

Следејќи ги новите трендови во исхраната, од големите малопродажни синџири се повеќе се бараат производи специфични гурмански, етнички, здрави, органски – био и растителни.

Ваквитe средби меѓу бизниси се одличен начин за проширување на извозот, поврзување со водечките купувачи или за истражување на можностите и капацитетите на поширокиот пазар.

Прочитајте повеќе

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија предизвика лавина реакции во Скопје и во Софија. …