Витаминка дел од младинската иницијатива за циркуларна економија

Витаминка дел од младинската иницијатива за циркуларна економија

Денес Економски факултет – Прилеп беше центар на енергија, инспирација и креативност, каде младите ја покажаа својата визија за поодржлива иднина. По четврти пат се одржа натпреварот посветен на циркуларната економија – тема која станува сè поважна во современото општество.

Оваа година, натпреварот обедини 26 тимови и вкупно 146 средношколци од 12 училишта од Прилеп, Битола, Кавадарци, Кичево, Ресен и Македонски Брод. Континуираниот раст на бројот на учесници е јасен показател за зголемениот интерес и ентузијазам кај младите за теми поврзани со одржлив развој и иновативни решенија.

Креативните идеи беа оценувани од стручно жири составено од експерти од различни области, меѓу кои и претставник од Витаминка АД Прилеп. Нашата колешка Верица Исајловска, дел од секторот за човечки ресурси, имаше можност одблиску да ги проследи иновативните пристапи на младите и нивната посветеност кон создавање подобра иднина.
Најуспешните тимови беа наградени со парични награди:

  • I место – Тим „Кружен напад“ од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп
  • II место – Тим „ThrifBuddy“ од СОУ „Мирко Милевски“ – Кичево
  • III место – Тим „Тиквешко злато“ (MBS) од Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци

Овој настан уште еднаш покажа колку е важно да се инвестира во знаењето и свеста на младите генерации. Преку вакви иницијативи, се поттикнува развој на идеи што ја трансформираат перцепцијата за отпадот – од проблем во ресурс, со цел да се обезбеди одржливо користење на ресурсите и заштита на животната средина.

Како компанија што континуирано вложува во општествено одговорни практики, Витаминка со гордост поддржува настани кои ги охрабруваат младите да размислуваат креативно, одговорно и долгорочно.
Се радуваме на следното издание – со уште повеќе идеи, уште повеќе млади таленти и уште поголема инспирација за иднината.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела …