Виза и Мастеркард се повлекуваат од Русија, ограничувања за корисниците на нивните картички

Виза и Мастеркард се повлекуваат од Русија, ограничувања за корисниците на нивните картички

Глобалните гиганти во бизнисот со кредитни и дебитни картички Виза и Мастеркард објавија дека ги прекинуваат трансакциите во Русија како резултат на руската инвазија врз Украина, јавува Би-би-си.

Овие два гиганти контролираат над 90 отсто од плаќањата со кредитни и дебитни картички во светот, без територијата на Кина. Сите корисници коишто имаат картички на Виза и Мастеркард од руски банки нема да може да вршат било какви плаќања или повлекувања на средства во странство, додека странските картички нема да функционираат на руска територија.

Од руската национална банка веќе ги предупредија корисниците на картичките дека Виза и Мастеркард издадени од руски банки ќе продолжат нормално да функционираат, но единствено на територијата на Русија и за плаќања на руски онлајн сајтови.

„Принудени сме да дејствуваме по руската неиспровоцирана инвазија на Украина и неприфатливите настани на кои бевме сведоци“, изјави извршниот директор на Виза, Ал Кели.

Од Мастеркард соопштија дека причината за прекинот на услугите е „невидениот карактер на сегашниот конфликт и неизвесното економско опкружување“.

Прочитајте повеќе

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Германија: Повеќе работа не значи секогаш и повеќе пари

Откако актуелната влада го подигна нивото на социјална помош, се водат дебати дали воопшто се …