Вкупниот број на активни случаи на ковид-19 надмина 10.000 лица, а над 1.000 починаа; денеска нови 865 случаи

Вкупниот број на активни случаи на ковид-19 надмина 10.000 лица, а над 1.000 починаа; денеска нови 865 случаи

Продолжуваат црните статистики за состојбата со пандемијата на ковид-19 во земјава. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.449 тестирања, а се регистрирани нови 865 случаи на ковид-19 во: Скопје-397, Куманово-22, Дебар-2, Штип-34, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-7, Велес-44, Битола-31, Охрид-21, Кавадарци-26, Гостивар-30, Гевгелија-4, Струмица-37, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Кочани-17, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Виница-6, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-4, Кичево-15, Ресен-5, Неготино-4.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 359 оздравени пациенти од: Скопје-125, Куманово-24, Дебар-14, Штип-12, Прилеп-9, Тетово-34, Струга-1, Велес-4, Битола-9, Кавадарци-2, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Кочани-32, Пробиштип-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-5, Делчево-24, Свети Николе-5, Кичево-5 и Ресен-1.

Починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.436, бројката на оздравени пациенти е 21.090, на починати е 1.004, а бројот на активни случаи е 10.342.

Според денешните завршени епидемиолошки анализи, Скопје останува жариштето на најмногу активни случаи, каде во се евидентира 14.028 позитивни на ковид-19, од кои активни се 4.862. При тоа, најголем број на активни случаи е регистриран во општините Аеродром – 847, Карпош – 708 и Центар – 643.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, вкупно се хоспитализирани 161, на кислородна поддршка се 123, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 4 суспектни деца на ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти. Во болницата во Битола има 59, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 336 позитивни и сомнителни на ковид-19.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …