Влада: Цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев по повод Денот на македонската револуционерна борба“

Влада: Цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев по повод Денот на македонската револуционерна борба“

По повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.

Република Северна Македонија денеска го чествува „23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“, како симбол на стремежите за сувереност и државност но и храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност.

Прочитајте повеќе

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје. „На 14.03.2026 во 12:05 …