Утрово од Владата ја демантираа информацијата која ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, а е во врска со вакцинирањето против ковид-19 на дел од министрите во Владата.
„Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата“, стои во објавата на официјалниот Твитер профил на портпаролот на Влада.
Информацијата ја демантираа и министерката за образование и наука, Мила Царовска, како и министерот за правда, Бојан Маричиќ.