Влада: Јавен повик за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект

Влада: Јавен повик за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект

Владата на Република Северна Македонија, врз основа на заклучок од редовната 48-ма седница, денеска го објави јавниот повик за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект во „Службен весник на Република Северна Македонија “ и во најмалку три реномирани меѓународни економски списанија, согласно Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија.

Од Законот за стратешки инвестиции произлегуваат критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување на статус, избор, подготовка и реализација на инвестициони проекти од највисок стратешки приоритет за државата и има за цел да поттикнува, привлекува и создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во Република Северна Македонија, зголемување на економски пораст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на Република Северна Македонија, зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните на Република Северна Македонија.

За стратешки инвестициони проекти се сметаат инвестиции во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, инвестиции од најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и инвестициони проекти од најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.

Јавниот повик е објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија, а ќе биде објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во најмалку три реномирани меѓународни економски списанија.

Јавниот повик за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект, на веб страницата на Владата е на следниот линк.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …