Зоран Заев: Гласот на младите е гласот на иднината, честит 12 август - Меѓународен ден на младите!

Зоран Заев: Гласот на младите е гласот на иднината, честит 12 август – Меѓународен ден на младите!

Меѓународниот ден на младите најдобро се одбележува преку постојан ангажман и посветеност на младинските прашања во текот  на сите 365 денови во годината.

Младите се изборија да седнат на владина маса за да ги кројат политиките кои се за нив најважни, а институциите дадоа поддршка и ги отворија ширум вратите за да продре младинскиот глас за младинската иднина и за иднината на Македонија. Денес младите се моќни, а не запоставени.

Ние возрасните треба да внимаваме и да се спротивставуваме со сите сили на говорот на омраза и да дејствуваме контра политиките на поделби и конфликти кои им ја рушат иднината на младите. Тоа ни кажува за важноста на добриот збор, како и за нашата обврска да овозможиме безбеден простор и безбедна држава за младите да се развиваат и да ја градат иднината тука, во нашата земја.

Од деинституционализацијата и обезбедувањето безбедни домови за најранливите, до обезбедувањето на стабилноста преку членство во НАТО – сето ова е влог кон создавањето безбеден простор за младите. На тоа сме посветени и секојдневно работиме.

Гласот на младите е гласот на иднината. Тоа го знаеме сите. Гласот на младите треба и мора да биде одлучувачки за иднината на младите. Свесни сме за најголемата болка на нашето општество – одливот на младите. Затоа активно работиме да ја донесеме Европа дома, да обезбедиме стабилност преку НАТО, за да ја гледаат младите иднината тука и да се изградат себеси тука. Од таму е најважно, младите да не дозволат одлуките за нивната иднина да ги носат само возрасните, оти помина времето во кое старите знаеја што е најдобро за младите. Денес младите знаат што е најдобро за нив самите, а јас го слушам нивниот глас и знам дека за нив најважна е иднината, својата и таа на државата.

Честит ден на млади – мои млади! Да сте гласни критичари, будна авангарда и први предводници на убавата македонска иднина!

Прочитајте повеќе

Богородица пожар

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот. Апел до сите граѓани да не се …