Влада на РМ: Мајската плата поголема за 7,1% од истиот месец лани

Влада на РМ: Мајската плата поголема за 7,1% од истиот месец лани

Како што се нагласува во последното соопштени на Владата на Република Македонија, растот на платите е, и останува нејзин приоритет. Просечната нето плата во месец мај порасна за 7,1% во однос на истиот месец претходната година. Таа сега изнесува 24.509 денари и е повисока за 1.600 денари на годишно ниво.

Растот на платите е повторно силен во индустријата за производство на текстил, облека и кожа. Во производството на текстил зголемувањето на платите е 2.670 денари на годишно ниво, во производство на облека 1.764 денари, а кај производство на кожа на годишно ниво платата пораснала за 1.802 денари.

Важно е да се нагласи дека во месец мај 2018 година има значаен раст и на платите во другите дејности како што се финансиите и осигурувањето, и информатичката и комуникациската дејност.

Од Владата потенцираат дека остануваат посветени на растот на платите и продолжуваат со реализацијата на пакетот мерки за тоа оваа намена. Освен зголемувањето на минималната плата, во Собранието на Република Македонија веќе се поднесени законски измени кои ќе обезбедат поддршка за раст на платите кои се повисоки од минималната плата. Посебно внимание се посветува на активните мерки за вработување, и особено со поддршка на инвестициите кои обезбедуваат фер плата за вработените.

Прочитајте повеќе

Затвор Шутка

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во …