Влада на РСМ: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“

Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа, денеска даде изјава за случајот „Рекет“. Во продолжение, Ви го пренесуваме интегралната изјава на портпаролот Хоџа:

„Отворениот случај РЕКЕТ, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека пред правдата и законите, секој, буквално секој, е еднаков и одговорен.

Владата на Република Северна Македонија повикува на темелна и независна истрага, која мора да заврши што е можно поскоро и мора да ги покаже сите детали. Резултатот од истрагата мора да биде базиран исклучително на докази и согласно словото на правото.

Одговорност мора да има за сите инволвирани, од прв до последен.

Институциите на извршната власт им стојат на располагање со цел свој капацитет на истражните и правосудните органи.

Ослободувањето на целиот правосуден систем дава резултати. Очигледно е дека независноста се прифати како алатка која ги охрабри институциите и луѓето на високи позиции во тој систем, за да дадат резултати кои се очекуваат од правната држава и од владеењето на правото.

Владата нема да дозволи злоупотреба на овој случај и негативно искористување од страна на непријателите на европските интеграциски процеси на земјата за да ја попречат Северна Македонија на патот кон НАТО и ЕУ.

Независно од натамошниот развој на случајот во кој сега е осомничена и Катица Јанева, Владата на Република Северна Македонија очекува од сите истражни и правосудни органи, вклучително и од СЈО, натамошна бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција.

Ова е уште една мотивација плус заедно со опозицијата да ја заокружиме реформата на правосудниот систем и да обезбедиме владеење на правото во борбата против највисоките форми на организиран криминал и корупција.

Истовремено остануваме застапници и на ставот дека судските постапки мора да се водат исклучиво низ фер и транспарентни процедури, базирани на докази.“

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …