Влада: Од четврток угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Влада: Од четврток угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Од четврток, 21 јануари се продолжува работното време на угостителските објекти кои наместо до 18 ќе работат до 21 часот, соопштија од Владата, откако се разгледани епидемиолошките насоки.

Со оваа одлука завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети.

Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи објави дека следната недела откако ќе се анализира епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот.

Претходниот месец, во периодот од 18 декември до 21 јануари беа усвоени нови рестриктивни мерки, меѓу кои и угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, со цел да се избегне ширење на корона вирусот и зголемување на бројот новозаразени случаи во престојниот период на празници.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …