Влада: Полицискиот час ќе трае од 11 часот во недела, до вторник до 5 часот наутро

Влада: Полицискиот час ќе трае од 11 часот во недела, до вторник до 5 часот наутро

Одлука на Владата на Република Северна Македонија, за ограничување на движењето на граѓаните за време на претстојниот продолжен празничен викенд:

„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме Одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движење на сите граѓани на целата територија на државата, почнувајќи од недела, 24 мај во 11:00 часот, до вторник 26 мај до 05:00 часот. Во сабота, 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 до 05:00 часот наутро“.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …