Владата денеска ќе ја одржи редовната 126 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 126 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 126 седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа за оваа година и од интерес на граѓаните.

На денешната владина седница ќе се разгледа годишниот извештај за 2018 за работата на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и на предлог на АД ЕЛЕМ Електрани на Република Северна Македонија ќе се разгледа предлог одлука на управниот одбор за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво.

На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство министрите денеска ќе одлучуваат за измена на одлуката за висината на надоместоците за спроведување на системот на идентификација и регистрација на животните и висината на надоместокот за дополнителни официјални контроли.

Ќе се разгледа и информација за реафирмирање на работата на Советот за земјоделство и рурален развој со предлог одлука за изменување и дополнување на одлуката за формирање на Совет за земјоделство и рурален развој, а ќе се разгледа и информација за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Министерството за политики за земјоделство, прехрана и шумарство на Република Италија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија за соработка во секторот земјоделство.

На предлог на Министерството за внатрешни работи на денешната владина седница ќе се разгледа предлог за поведување постапка на преговори за склучување на Протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

На денешната седница министрите ќе имаат можност да ја разгледаат информацијата за контрибуција на Република Северна Македонија во доверителните фондови на НАТО во рамки на Иницијативата за градење и зајакнување на одбранбените и безбедносни капацитети на предлог на Министерството за надворешни работи, а на предлог на Министерството за одбрана ќе се одлучува за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во вежбовната активност „Vigorous warrior 19“ во Република Романија.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …