На денешната редовна, 136-та седница Владата на Република Северна Македонија, ќе го разгледува предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија, за основање на Културно-информативни центри во двете земји.
Пред министрите денеска ќе се најде и информацијата во врска со усогласениот текст на Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, за соработка во областа на европските интеграции.
Како материјал за информирање, Владата ќе ја разгледа информацијата за приклучување на Република Северна Македонија кон иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита.
Министрите, на денешната седница ќе дискутираат и за потребата од донесување на Национална програма за железничка инфраструктура за период од 2019 до 2021 година, со Предлог – Национална програма.