Владата денеска ќе ја одржи редовната 155 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 155 седница

Владата денеска ја одржува редовната 155 седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница ќе биде разгледана информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Поддршка на воздухопловна федерација“ на предлог на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје.

На предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија министрите ќе разгледаат информација за потпишување на Договор меѓу Република Северна Македонија и организаторите на EXPO Dubai 2020.

На дневниот ред на 155 владина седница се најде и ќе се разгледува и предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост предложен од Министерството за труд и социјална политика.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за вклучување на училиштата во иницијативата за саморефлексија при користење на дигитална технологија во образовниот процес преку употреба на алатката Selfie којашто веќе се употребува во 35 земји и е изработена од страна на Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Join Research Centre – JRC).

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …