Владата денеска ќе ја одржи редовната 78 седница

На предлог на министерството за економија на денешната седница на Владата на Република Македонија ќе биде разгледана информацијата во врска со донесување на програма за изменување на програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година, со предлог-програма, како и информацијата во врска со потпишувањето на меморандум за разбирање во енергетскиот сектор помеѓу министерството за економија на Република Македонија и министерството за енергетика и рударство на Република Косово.

Пред министрите денеска ќе се најдат и две информации предложени од министерството за здравство, односно информацијата за спроведена постапка по објавен оглас за избор на Национален координатор за трансплантација на Република Македонија, со предлог – решение, како и информацијата со барање за отпочнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка и акциски план за реконструкција, пренамена и адаптација и доградба на ЈЗУ Општа болница Кичево – втора фаза.

Како материјал за информирање на 78-мата седница министрите ќе го разгледаат извештајот за реализација на оперативниот план на активностите за имплементација на Националната стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност за 2017 година.

На денешната седница, членовите на Владата ќе дебатираат и за информацијата предложена од министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно информацијата за потпишување на спогодба помеѓу македонското и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, за фитосанитарна соработка.

78-мата седница на Владата на Република Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …