Владата денеска ќе ја одржи редовната четврта седница

Владата на Република Северна Македонија денеска, со почеток во 12:00 часот, во свечената сала, ќе ја одржи 4-та седница, на која ќе бидат разгледани повеќе точки од интерес на граѓаните.

На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ги разгледа: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад и измените и дополнувањата на Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.

На дневен ред, за разгледување е и Предлог-уредба за распоредување на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската комисија, предложена од Министерството за финансии, како и Предлог-уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основното образование по општини за 2021 година.
На оваа седница на предлог на Министерството за правда ќе се разгледува и Информацијата со статистички податоци за кривични предмети од областа на корупцијата за 2019 година.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …