Цветанов

Владата го разреши Ване Цветанов претседателската функција во Советот за унапредување на ревизијата

На вчерашната владина седница, на предлог на Комисијата за кадровски прашања Владата го разреши Ване Цветанов од раководител во Советот за унапредување и надзор на ревизијата, по што е именуван и нов раководител на Советот.

Владата не издафе официјално образложение за причините за смената на Цветанов, иако неговото разрешување се поврзува со тоа што ја ангажирал сопругата Дунавка Трифуновска да му помага во работата во Советот и да го придружува на службени патувања.

„Дунавка е ангажирана со договор за нула денари. Нормално дека жена ми ќе дојде да ми помогне во работењето кога гледа дома колку работа имам, а немам доволно вработени. Министерството за финансии не ми одобрува вработувања, а пред две години една вработена замина во пензија. Лани во март и сметководителка ја напушти институцијата. И покрај тоа што законски ми следуваат вработувања и имаме пари, министерот за финасии не ми одобрува вработувања. Затоа Дунавка ми помага, а за тоа не добива ниту денар и немам зошто тоа да го кријам“, изјави неодамна Цветанов.

Во првите години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Цветанов беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, а потоа беше меѓу осудените во случајот „Шпион“. За претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата беше назначен во јули 2019 година.

Прочитајте повеќе

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени, не коментирам политички прашања среде кампања

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи …