банкноти пари плата пензии јавни набавки буџет долг Долговите кредитите

Владата го усвои предлогот за ребаланс на Буџетот, се кратат и приходите и расходите

Владата го разгледа и усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, за кој велат дека е резултат на мерките што се преземаа заради кризата со високите цени на горивата предизвикани од затворањето на Ормускиот теснец и војната на Блискиот Исток, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата.

Со предложените измени, вкупните приходи се проектираат на ниво од 374,2 милјарди денари, или околу 6,08 милијарди евра, додека расходите се проектираат на 420,5 милјарди денари, или 6,84 милијарди евра, а од Владата информираат дека буџетскиот дефицит се задржува на непроменето ниво во однос на сегашните проекции.

„Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се обезбеди непречено и редовно функционирање на институциите, реализација на предвидените програми и навремено сервисирање на сите обврски“, велат од Владата.

Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот ќе биде доставен до Собранието на понатамошно разгледување и усвојување.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Шокантно сведоштво на мајката на претепаното девојче од Охрид: „Го прашуваше татко му дали да ја фрли во провалија“

Шокантно сведоштво на мајката на претепаното девојче од Охрид: „Го прашуваше татко му дали да ја фрли во провалија“

Ирена Ѓорѓиеска, мајка на претепаното девојче од Охрид кое сè уште се наоѓа на болничко …