Владата и Собранието ќе одлучуваат за воведување нови мерки за заштита од Ковид-19

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 13-та седница, со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

Владата ќе расправа за воведување на нови поригорозни мерки за заштита од коронавирусот: сите економски оператори да работат до 23 часот, капацитетот во јавниот превоз да се ограничи на 50 отсто, да се забранат јавните настани и да се даде препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, да ја организираат работата во смени или онлајн од дома, или редуцирано со систем на ротации.

Овој пакетот мерки вчера го најави министерот за здравство Венко Филипче, при што потенцираше дека ова е последниот чекор пред воведување полициски час.

Седница ќе одржат и пратениците во Собранието, кои ќе расправаат за претходните мерки кои веќе се усвоени на владина седница, а за чие стапување на сила треба да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Овој пакет се состои од три мерки: задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор на максимум четири лица и ограничување на семејните собири, односно едно семејство да смее да прими најмногу четири гости.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …