Во рамките на продолжението на работата на 171 редовна седница, Владата ја усвои Одлуката за одобрување на средства од Буџетот за 2019 година за купување на делот на ГА-МА АД Скопје.
Со оваа одлука, средствата од Буџетот за 2019 година во висина од 1.930.000.000 денари ќе бидат уплатени на буџетот на посебна наменска сметка на Национални енергетски ресурси АД (НЕР АД), за да се искористат исклучиво за намената, односно за докапитализација на сопственоста на ГА-МА АД, како компанија, која согласно регулативата на ЕУ, ќе биде увозник на гас во нашата земја.
На оваа седница се усвоени измени во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, според која се издвојуваат 741.000.000 денари за замена на загадувачки системи за греење во јавните објекти и во домаќинствата, како и за опрема за енергетска ефикасност и создавање на нови зелени урбани површини.
Од овие средства, 620.00.000 денари ќе им бидат префрлени на општините во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, со што се овозможува втората фаза од проектот за замена на грејните тела на фосилни загадувачки горива, со високоефикасни инврертер клими за 10.000 домаќинства.
На оваа редовна 171 седница, Владата донесе одлука да го прифати барањето на Општина Крушево од централниот буџет да бидат одобрени 4,2 милиони денари за финансирање на проектот „Изградба на дел од инфраструктура во Центар за параглаjдинг во Крушево“.