Владата ја одржува редовната 43 седница

Владата ја одржува редовната 43 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 43 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата денеска ќе ја разгледа Предлог-стратегијата за производство на тутун за периодот 2021-2027 година, со Акционен план.

На денешната седница ќе биде ставена на разгледување и усвојување Програмата за работа за 2021 година на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија.

На редовната седница која е закажана со почеток во 12:00 часот, пред министрите за разгледување се и Програмата за работа на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија за 2021 година, Програмата за изменување на Програмата за проширена репродукција на шумите за 2021 година и Програмата за изменување и дополнување на Програмата развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот под заштита во репроцентрите за 2021 година.

Прочитајте повеќе

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската комора на Македонија најави дека до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени …