Влада

Владата ја одржува редовната 87 седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12:00 часот ќе ја одржи редовната 87 седница, со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на предлог на Министерството за внатрешни работи ќе се разгледуваат повеќе точки, меѓу кои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција и Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за внатрешни работи.

На предлог на истото Министерство, според дневниот ред, пред министрите ќе се најде и  Предлогот на стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021 – 2023 година, со Акциски план.

Прочитајте повеќе

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

ЕУ и натаму нема решение за професионалните превозници од регионот, кои се соочуваат со сериозни проблеми поради …