Владата ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”

Министрите во Владата на денешната седница ја разгледаа и прифатија Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” и го задолжија Министерството за култура да ја координира реализацијата на оваа Национална програма, која годинава е дел од календарот важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.

На седницата на Владата е донесен заклучок со кој се укажува на Народна Банка на Северна Македонија, во рок од 5 дена до Владата на Северна Македонија да достави предлог одлука за изработка на пригодни ковани пари, по повод „2021 – Година во чест на Блаже Конески”.

Министерството за култура, Министерството за образование и наука и Министерството за надворешни работи се задолжени да ги реализираат активностите содржани во Националната програма кои се од нивна надлежност, а на останатите институции и установи вклучени во Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” им се укажува навремено и квалитетно да ги реализираат содржините наведени во националната програма, согласно предвидената динамика и да ги финансираат во рамки на сопствените Буџети.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …