Влада

Владата ќе ја одржи редовната 101 седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 101 седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата ќе биде разгледана Информација со Извештај за реализирани активности за 2020 година од Националната стратегија за развој на концептот за „Едно општество за сите и интеркултурализам“ и Акциски план за спроведување на стратегијата за 2021-2022 година.

Согласно Дневниот ред, на седницата ќе биде разгледана и Информација за ставање на вино во промет и извоз, произведено од винско грозје од берба 2020 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На оваа седница ќе биде разгледана Информација за пристапување на Република Северна Македонија на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за Црноморска економска соработка.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …