Владата ќе ја одржи редовната 104-та седница

Владата ќе ја одржи редовната 104-та седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 7.9.2021 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 104-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, согласно дневниот ред, ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, по скратена постапка, на предлог на Министерството за здравство.

Покрај другото, на предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред за разгледување е и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просветна инспекција, како и повеќе информации и извештаи за планирани и реализирани проекти на одделните министерства.

Прочитајте повеќе

Полиција пред средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Скопје за време на антитерористичките проверки по анонимната дојава за бомба, 26.10.2022 | Фото: Мета.мк

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Наставниците и другите вработени во училиштата, за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси …