Влада

Владата ќе ја одржи редовната 68 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 68 седница, со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, која ќе започне во 19:00 часот, ќе биде разгледуван Записникот од Триесет и петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 3 мај 2021 година.

Според дневниот ред, на денешната седница, пред министрите ќе се најде Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за водостопанство за 2021 година.

На редовната седница, Владата ќе ги разгледува и Информацијата за кредитните барања кои ги исполнуваат условите за кредитирање по Јавниот повик бр. 1 за кредити од кредитната линија за поддршка на микро и мали претпријатија со можност за грант компонента (Ковид 3 кредитна линија), како и Информацијата за извршените и планираните активности во однос на претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година, предложена од Министерството за надворешни работи.

Прочитајте повеќе

Скандал во Битола: Виш јавен обвинител под истрага за местење помали казни

Скандал во Битола: Виш јавен обвинител под истрага за местење помали казни

Правосудниот систем повторно се соочува со сериозен удар врз својот кревок интегритет, откако Основното јавно …