Владата ќе аплицира за користење на Макро-финансиска поддршка на ЕУ

Владата ќе аплицира за користење на Макро-финансиска поддршка на ЕУ

Владата на синоќешната 39-та седница, којашто се одржа преку видеоконференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од користење на Макро-финансиска поддршка (МФП) од Европската Унија за не – ЕУ држави.

Владата го задолжи Министерството за финансии во рок од 7 дена да испрати до Европската Комисија писмо за формално барање за користење на Макро-финансиска поддршка од Европската Унија за Република Северна Македонија.

МФП е наменета за земји кои географски, економски и политички се блиску до ЕУ, вклучувајќи ги земјите кандидати, потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се граничат со ЕУ, односно сите земји опфатени со Европската соседска политика, а во одредени околности и други трети земји и има за цел да помогне на земјите апликанти за оваа финансиска поддршка во враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските прилагодувања и структурните реформи и е наменет како дополнување на финансирање претходно одобрено од ММФ.

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …