Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини. Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за коо никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави.

1-от дел од сторијата.

2-от дел од сторијата.

Кои се издавачките куќи што добиле пари?

За една деценија речиси нема издавачка куќа во Македонија што не добила барем еден тендер од министерствата. Повеќе од 21 издавачки куќи биле вклучени во различни фази за превод и печатење на книги наменети за помпезниот проект. Во првата фаза, според податоците што ги имаме, само од 6 министерства, институциите имаат склучено договори со минимум 17 издавачки куќи, во втората фаза со 6 издавачки куќи а во последната фаза само со две издавачки куќи.

Според податоците од тендерите, најголем дел од парите добила издавачката куќа “Арс Ламина” – 636.860.579 денари.

Според податоците добиени од Централен регистар, во следната табела се покажани основачите на издавачките куќи кои добиле највеќе пари. Иако побарано неколку пати, од Централен регистар не ни обезбедија информации за сопственичката структурата на „Просветно дело“.

Osnovaci

„Еуропартнер груп“ и „Европа 92“ донатори на ВМРО-ДПМНЕ

Основачите на „Еуропартнер Груп“ и „Европа 92“ се донатори на претходната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ. Во листата на донатори на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа името на Влатко Јовановски, кој е сопруг на една од основачите на издавачката куќа „Еуропартнер груп“ – Ана Јордановска. Сопругот на Ана, Влатко, во 2016 година донирал пари за ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до издавачката куќа „Европа 92“ врската со поранешната партија на власт оди подлабоко, бидејќи Ратко Димитровски, како еден од основачите на “Европа 92“ бил и пратеник и градоначалник на општина Кочани.
„Арбериа Десигн“ донатор на ДУИ
Според договорот потпишан помеѓу МОН и издавачките куќи, во 2016 година, од две издавачки куќи со кои е потпишан договор, едната е „Арбериа Десигн“, која што е донатор на владејачката партија ДУИ, од чии што редови биле и двајца министри за образование, Абдулаќим Адеми и Пиштар Лутфиу, е сегашниот министер Арбер Адеми.

 

Издавачките куќи молчат

„Порталб.мк“ им испрати барање на издавачките куќи, на тие што сè уште им се валидни контакт информациите, да објаснат детално за јавноста: како биле избрани преведувачите, кои критериуми биле одлучувачки за да некој преведе и лекторира еден наслов.
Но, од повеќето одговор не добивме. Исто така, фактот што Законот за пристап до информации од јавен карактер не важи за нив, нема никаков начин како да се отворат овие издавачки куќи пред јавноста за критериумите за избор па и плаќање во однос на обврските што произлегуваат од потпишувањето на договорите со министерствата.

Контактиран од „Порталб.мк“, одговорното лице од „Арбериа Десигн“, Дашмир Адеми, не сакаше да ги открие условите на потпишаниот договор меѓу нив и преведувачите и лекторите. Адеми рече дека тие немаат некој одреден стандард врз основа на кој ќе се одреди кој, како и за колку ќе издаде книга.

Dashmir Ademi„Што се однесува на изборот на преведувачите, ние немаме постојани соработници, бидејќи нема многу работа, за да ги ангажираме редовно. За исплатата би рекол дека има практични норми, а не пишани, бидејќи пресметката се прави врз основа на дигиталните страни и бројот на карактери по страница. Дигиталната страница се разликува од книга до книга, бидејќи зависи од содржината на поимите од одредени области. Сме имале и преведувачи од Албанија. Но, договорите што сме ги потпишале не дозволуваат да се открие колку е платен еден или друг професор – не би било етички кон професорите да се објават износите. Тоа е исто како некој да ве праша колку ви е платата. Последните книги сме ги доставиле во ноември минатата година – вели Адеми.

Неговото презиме се совпаѓа со презимето на поранешниот, сега веќе покоен, министер за образование, Абдулаќим Адеми, но Дашмир објасни дека освен пријателството, ништо друго не го поврзува со министерот.

„Дата понс“ е единствената издавачка куќа која одговори на нашето телефонско јавување. Сепак, оттаму одбиваат да дадат изјава за било кое прашање или дилема што може да се постави за проектот „Превод на 1.050 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните универзитети“, со образложение дека во времето кога се реализирал овој проектот во ова издавачка куќа не бил сегашниот сопственик.

Одговорност не сноси никој

Од МОН, за „Порталб.мк“, потврдија дека нема намера проектот да се продолжи, меѓутоа не кажаа дека ќе бараат кривична одговорност за предизвиканата штета.

-Сигурно овој проект нема да се продолжи, бидејќи беше целосно промашен – одговори кратко поранешната министерка за образование и наука, Рената Дескоска. (10.04.2018)

Извор: МЕТА