Владата на Република Македонија ја одржа редовната 99. седница

Владата на Република Македонија ја одржа редовната 99. седница

Владата на Република Македонија претпладнево ја одржа својата редовна 99-та седница, на која на дневен ред беше текстот на нацртот на амандманите на Уставот на Република Македонија, која Владата денеска ќе ги достави до Собранието на Република Македонија.

На денешната седница беше презентирана и Информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.3 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, на денешната седница беше разгледан и Предлогот на закон за спречување на корупција и судир на интереси.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …