Влада

Владата не е транспарентна ниту на македонски ниту на албански јазик, одговорните тврдат дека се мета на хакери

Последниот записник, кој ги документира активностите и одлуките кои се носат на седниците на Владата, последен пат е објавен на 16 ноември и по тој датум нема никаква понова информација, пишува Порталб

Во последно време Владата на Северна Македонија не е транспарентна за својата работа. Последниот записник, кој ги документира активностите и одлуките кои се носат на седниците на Владата, последен пат е објавен на 16 ноември и по тој датум нема никаква понова информација. Недостатокот на овие документи е причина за загриженост за непочитувањето на транспарентноста, уште повеќе кога не се ни знае кога ќе престане ваквиот начин на работа, пишува Порталб.мк.

Згора на тоа, ниту еден записник не е објавен на албански јазик, со што на албанците им се оневозможува пристапот до информации за работата на Владата. Владата, пак, за Порталб.мк се правда со дека во подготовка е нов интернет портал, а сегашниот е небезбеден и исто така е мета на хакерски напади.

Недостаток на транспарентност

Бидејќи оваа ситуација не може да се смета поинаку освен како нетранспарентност, Порталб.мк се обрати до Владата за оваа состојбата, а од таму ни рекоа дека се во фаза на подготовка на еден нов владин портал и дека се мета на хакерски напади.

„Во однос на вашите прашања, нагласуваме дека во тек е изработка на новиот интернет портал на Владата и министерствата, нешто што е започнато уште од претходната влада, исплатени се илјадници евра, но не е завршен. Кога порталот ќе биде готов, ќе ги содржи сите информации што ве интересираат. Во меѓувреме е зачуван стариот портал кој е небезбеден и е мета на чести хакерски напади“, се вели во одговорот на Владата на РСМ.

Оттаму бараат да се има разбирање и додаваат дека Владата се залага за отвореност и транспарентност.

Исто така велат и дека службата за владини седници го подготвува записникот од секоја владина седница, по потпишувањето на сите заклучоци и акти на седницата од страна на претседавачот на истата. Откако ќе се затворат сите предмети (точки) на седницата, со нивен потпис и спроведување, се изготвува записникот.

„Записникот се изготвува така што се проверува дали е во согласност со електронската евиденција на е-Влада, номотехнички се коригира и уредува, по што се поднесува за усвојување на една од наредните седници. Записникот се поднесува за усвојување откако ќе се исполнат сите услови за негово усвојување и потоа се објавува“, додаваат од Владата.

Оттаму ветуваат дека податоците од усвоените записници од одржаните седници на владата ќе бидат јавни на веб-страницата на Владата. Ваквата состојба на тајност и недостаток на информации предизвикува загриженост за демократијата и транспарентноста, создавајќи еден голем јаз меѓу Владата и граѓаните. На веб-страната на Владата може да се види дека последните записници се со датум од 16 ноември, односно минатиот месец:

Принтсктин од веб-страницата на Владата
Принтсктин од веб-страницата на Владата
Во меѓувреме, за некои одржани седници има недостаток на информации, а за други пак, има подетални информации за работата на Владата. За 38. седница одржана на 10 декември, има информации за точките од предлозите на дневниот ред, како што е прикажано на сликата во продолжение.
Принтсктин од веб-страницата на Владата
Принтсктин од веб-страницата на Владата
Од друга страна, за седниците 37, 36, 35 и 34 нема никаква информација за точките од предлозите на дневниот ред, како што може да се види на сликите во продолжение.
Принтсктин од веб-страницата на Владата
Принтсктин од веб-страницата на Владата
Принтсктин од веб-страницата на Владата
Принтсктин од веб-страницата на Владата
Принтсктин од веб-страницата на Владата
Принтсктин од веб-страницата на Владата
Албанскиот јазик целосно занемарен во записниците

Албанскиот јазик е целосно занемарен во владините записници. До сега на албански јазик не е објавена ниту една информација за владините седници, односно записниците. Истите се поставени во албанската верзија на веб-страната, но на македонски јазик.

Од страна на Владата подеднакво беше занемарено и прашањето на Порталб.мк зошто записниците не се објавуваат и на албански јазик, за што не добивме никаков одговор. На веб-страната на Владата на РСМ, кога ќе ја изберете опцијата за албански јазик, на албански јазик се само категориите како што се: Датум, Број на седници, Записници, Документи, а остатокот од содржината е на македонски јазик.

Принтсктин од веб-страницата на Владата
Принтсктин од веб-страницата на Владата
Ваквиот пристап на Владата го отежнува пристапот на албанците до потребните информации. Ваквата состојба создава голема празнина во транспарентноста, што им отежнува на граѓаните да бидат подеднакво информирани за активностите на Владата.

Потсетуваме дека анализата на Порталб.мк за употребата на албанскиот јазик спроведена во тек на една недела и која се однесуваше на соопштенијата за медиумите и веб-страните на Владата на Северна Македонија, Претседателот и Собранието, покажа дека Владата на Северна Македонија не ја променила многу практиката на објавување на соопштенија албански јазик од времето на Техничката влада или од онаа на СДСМ. Во сите три случаи, соопштенијата на албански јазик се испраќаат нередовно. Имено, секое соопштение прво се испраќа на македонски, потоа на двата јазика истовремено, а разликата при испраќањата некогаш е и над два часа. Тоа значи дека откако новинарите веќе ја завршиле својата работа, го превеле соопштението и ја објавиле веста, тогаш пристигнува соопштението на албански јазик.

Во случај на неспроведување на овој закон, за институциите и за физичките лица предвидени се казни. Член22 (1) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршоци ќе им се изрече на органите од член 1 став (3), член 2 став (3), како и на сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон.

(2) Глоба во износ од 30% од утврдената глоба ќе му се изрече на службеното и одговорното лице во органите од став 1 на овој член. Потсетуваме дека Владата на Северна Македонија, не ја почитуваше употребата на албанскиот јазик и за време на пандемијата на КОВИД-19. На официјалната веб-страница на Владата на РСМ во некои случаи воопшто немаше податоци на албански јазик, а во други случаи или не беа целосни, или пак не беа ажурирани.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

маркет храна цени

АНАЛИЗА: Глобалните цени на храната во пад, а дома растат

Анализата на Порталб покажа дека ланската година, за нашите граѓани била сепак инфлациски тешка со …