Владата обезбеди дополнителни 670 милиони денари за надминување на енергетската криза

Владата обезбеди дополнителни 670 милиони денари за надминување на енергетската криза

На вчерашната 132 седница, согласно Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, Владата донесе Програма за зелен развој со која се утврдени дополнителни 670.000.000,00 денари за реализација на проекти од областа на енергетиката, односно за производство и обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија од обновливи извори на енергија за надминување на состојбата енергетската криза.

Исто така, Владата донесе заклучок со кој ги задолжи сите органи и институции во нејзина надлежност во рамките на своето редовно работење да ги признаваат електронските уверенија од казнената евиденција, односно уверенијата за неосудуваност, со подеднаква важност како и оние кои се издаваат во печатена форма.

Ова задолжение на Владата доаѓа по известувањето на Советот за информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, кои утврдиле дека некои вработени во јавните институции се уште барале овие уверенија да бидат во печатена форма.

На оваа седница Владата го задолжи министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заедно со претседателот на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди да оствари средба со претставници на Општина Битола, за да се договори постапката за санирање на последиците од земјотресот од 9 јануари.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …