Владата очекува граѓаните да станат инспектори за враќање на ДДВ

Владата очекува граѓаните да станат инспектори за враќање на ДДВ

Владата очекува граѓаните да се однесуваат како инспектори по 1 јули откако ќе стапи на сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Во образложението се вели дека намалувањето на даночната евазија е основната причина за донесување на овој закон.

„Со донесувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, физичките лица ќе имаат право на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, при што истите самите на некој начин ќе бидат инспектори, односно ќе бараат да им се издадат фискални сметки.

Поради тоа се очекува и зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници“, пишува во законот.

Владата очекува доколку граѓаните ги искористат сите свои фискални сметки коишто ги добиваат од издавачите да им се вратат околу 50 милиони евра годишно.

Клучни точки од законот

  • Правото на враќање на данокот се однесува на данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки за купени добра или користени услуги, издадени согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.
  • Правото на враќање на данокот може да се оствари само еднаш за една иста фискална сметка, односно правото на враќање на данокот не се остварува за фискалната сметка која е веќе пријавена согласно член 6 од овој закон.
  • Враќањето на данокот може да се оствари во висина од 15% од данокот на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка.
  • Правото на враќање на данокот се остварува за секое календарско тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.
  • Највисока основица за пресметување на данокот за враќање, за едно календарско тримесечје, е искажаниот данок на додадена вредност во фискалните сметки во висина од 12.000 денари.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Тевдовски, Узунов, Беџети, Бишев

Економски експерти со предлог решенија и политики за нов концепт на водење на економијата во државата

Вчера, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт …