Владата подготвува измени на Законите за судови, за судски совет и Кривичниот законик

Владата подготвува измени на Законите за судови, за судски совет и Кривичниот законик

Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор на Владата на Република Македонија на својата седница одржана синоќа ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судови, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судски совет и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка.

Отворајќи ја дебатата, министерката за правда Рената Десковска, која претседаваше со работата на седницата, ги елаборираше предложените измените на законите кои се разгледуваа, со посебен осврт на Законот за судови.

Членовите на Советот своите дискусии, главно, ги насочија на работата на скопскиот кривичен суд, како најголем и како суд со посебни овластувања.

Акцентот беше ставен на неопходноста од формирање на посебно одделение кое ќе ги суди предметите кои сега ги застапува Специјалното јавно обвинителство, а за кое, исто така, беа дадени одредени предлози во насока на негова трансформација и натамошно функционирање.

Адвокатот Александар Тумановски го отвори прашањето за измена на членот 46 од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судови, а за кој Адвокатската комора на РМ, во текот на вчерашниот ден достави допис до Владата и до Министерството за правда, како и до Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, со кој се предлага и адвокатите, како дел од правосудниот систем, да можат да бидат предложени во постапките за избор на судии.

Претседателот на Основниот суд Скопје 2 – Скопје, судијата Илир Сулејмани, го отвори прашањето од недостиг на судии во тој суд, како и за видот и начинот на санкционирање на судиите, побара јасно разграничување на термините нестручно и несовесно постапување на судија во текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судови.

Прочитајте повеќе

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Најавата за посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Северна Македонија …