Комисијата за селекција и избор на работници на Управата за безбедност и контраразузнавање, согласно член 186 став 7 од Законот за Агенцијата за национална безбедност, на 12.07.2019 година, објави Јавен повик за кој ќе биде спроведена постапка за селекција и избор на кандидати кои ќе бидат преземени во Агенцијата за национална безбедност.

Јавниот повик е доставен до сите организациски единици во Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи. Право на пријавување имаат сите работници на Управата за безбедност и контраразузнавње во Министреството за внатрешни работи. Рокот за пријавување е пет (5) работни денаови, сметано од првиот нареден (работен) ден од објавувањето на Јавниот повик, односно заклучно со 19.07.2019 година.