Владата со конкретен чекор во поддршка на инвестициите од дијаспората

Соопштение на кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми:

Оваа Влада од самиот нејзин почеток пред 10 месеци е посветена на институционален и темелен пристап на градењето на довербата и соработката со дијаспората.  И тоа го докажува со конкретни чекори и дела.

Токму еден таков конкретен чекор беше денеска направен. Владата попладнево, на својата 58 седница го усвои предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добија и инвестициите од дијаспората — како инвестиции од значаен интерес за Република Македонија.  Овој закон ја воспоставува правната рамка за реализација на мерките на Владата на Република Македонија од програмата за економски раст.

Согласно овој закон, за почетни инвестициски вложувања на деловни субјекти основани од државјани на Република Македонија, коишто имаат живеалиште или привремен престој надвор од Република Македонија и доколку инвестицијата се однесува на: инвестициски проекти од значаен економски интерес за Македонија, пораст на капитални инвестиции, откуп на материјални средства од деловни субјекти со потешкотии, или во делот на зголемување на конкуретноста на пазарот, финансиската поддршка се зголемува за дополнителни 10%.

Ова е односот кој дијаспората го заслужува од матичната земја. Ова се конкретни решенија и мерки кои се од бенефит и за Република Македонија, и за дијаспората. Владата на РМ  ја разбираат неопходноста од интензивирање на економската соработка помеѓу државата и дијаспората, па токму усвојувањето на овој закон ќе биде почетниот стимул за придвижување во таа насока.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …