Владата со нов закон ќе ги затвора дивите депонии и ќе го зголемува рециклирањето

Владата со нов закон ќе ги затвора дивите депонии и ќе го зголемува рециклирањето

Министерство за животна средина и просторно планирање подготвува Закон за управување со отпадот, со кој би се воспоставил функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а истовремено ќе се затворат сите нестандардни депонии и ѓубришта.

Во објавата на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека новиот закон ќе се овозможи регионално собирање, транспорт, селектирање, рециклирање на отпад, како и третман и искористување, со што ќе се зголеми степенот на заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина, а сето тоа ќе биде чекор напред кон овозможување на циркуларна економија за овој сектор.

Како главна цел на новото законско решение е наведено овозможување подобра контрола врз животната средина од активностите во областа на управувањето со отпадот преку намалување на депонирањето, односно намалени количини на отстранет отпад, а зголемување на преработката и рециклирањето на отпадот, зголемување на вработеноста во индустријата за отпад и обезбедување на поврзан пораст на приходите и БДП-то развивање на циркуларна економија, со што ќе се овозможи поголема искористенот на ресурсите, апроксимација на националното законодавство со европското.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …