Владата со уредба им пропиша на операторите задолжително реемитување на телевизиските програми

Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба. Заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени кај надлежниот регулатор од страна на операторите, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Воедно, со измените и дополнувањата на Уредбата се утврдува дека завршил временскиот период во кој операторите беа должни да ја обезбедат потребната документација за пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат, и дека операторите треба да ја исполнат обврската да ја достават соодветно пропишаната документација до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која треба да ја прибават од странските радиодифузери.

Операторите пак инсистираат дека протестот преку времен прекин од околу еден час на реемитувањето на домашните и странски телевизиски канали е легален. Тие ветуваат дека корисниците ќе бидат соодветно обесштетени во согласност со законските обврски. Од Здружението на информатичко-комуникациски технологии ја демантираат изјавата на министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски дека направиле повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации.

„Како домашни компании со странски капитал и носечките оператори во земјава претставени преку Здружението на информатичко-комуникациски технологии, остро се спротивставуваме на овие тврдења и при тоа нагласуваме дека во целост ги почитуваме сите законски прописи кои се однесуваат на нашето работење и шокирани сме од јавно упатената закана преку социјалните медиуми“, се вели во соопштението на Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

Операторите се спротивставуваат на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесени од Собранието на 16.02.2020 година, како и на Уредбата со законска сила донесена на 29.5.2020 година со која тие велат дека им се наметнала ретроактивна обврска за пререгистрација на сите странски ТВ содржини кои веќе се регистрирани во АВМУ и тоа во рок од 60 дена.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Со државна церемонија беше оддадена почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија и им беа предадени на семејствата

Со државна церемонија беше оддадена почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија и им беа предадени на семејствата

Со државно-воена церемонија, денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје беше организиран пречек на посмртните останки …