Владимир Трпаноски е новиот претседател на македонската Џудо федерација

Владимир Трпаноски е новиот претседател на македонската Џудо федерација

Поранешниот џудист и долгогодишен член на федерацијата, Владимир Трпаноски е избран за нов претседател на Џудо федерацијата на македонија. Трпаноски, кој е актуелен комерцијален директор на „Витаминка“ АД – Прилеп, доаѓа на местото на досегашниот претседател Зегљул Реџепи кој си поднесе оставка од претседателската функција.

На Собранието на Џудо федерацијата кое се одржа во Прилеп, присуствуваа 39 делегати од 21 џудо клуб од нашата држава, кои го изгласаа и новиот состав на Извршниот, односно Надзорниот одбор.

За членови на Извршниот одбор се избрани Авни Реџепи, Благоја Гешоски, Љубен Андријашевиќ, Марјан Колев, Иван Живковски, Ерол Шерифовски, Николче Мариновски, Бошко Вељановски, Сашо Јанакиевски и Горан Антевски, додека нови членови на Надзорниот одбор се Снежана Патирова, Димче Шипинкаровски и Борче Павлов.

За потпретседатели на Џудо федерацијата делегатите ги избраа Благоја Гешоски и Горан Антевски,

Прочитајте повеќе

Аргентина–Англија: Фудбал, војна и „Божјата рака"

Аргентина–Англија: Фудбал, војна и „Божјата рака”

Секој што во Аргентина има потреба од потсетување на аргентинско-британската историја, во моментов може да …